За Шалке нема надеж – клубот има долг од 200 милиони евра и е на сигурен пат кон „Цвајте“, така што не зачудува што ја продолжија лузерската серија на 28 меча без победа во Бундеслигата, откако Фрајбург ги победи со 0:2.
Откако во претходното коло примија два гола по 90-тата минута за 2:2 реми со Аугзбург, овојпат немаше драма на „Велтинс арената“ – Унгарецот Роланд Салаи им даде два гола во 50. и 68. минута за продолжување на мизерната серија.
„Кенигсблауен“ се на последното место во Бундеслигата со само 4 освоени поени, веќе на шест поени од безбедната зона. Фрајбург се 10-ти со 14 поени.