Top Sport

Нов „потоп“ за Атлетик, три порази во низа во баскиските дербија (видео)

Атлетик Билбао го забележа четвртиот пораз во низа во Ла лига, и трет од баскиски ривал, откако со гол во 91. минута, Алавес успеа да стигне до 2:1 победа на домашен терен.

Претходно, Билбао, убедливо најтрофејниот клуб од Баскија, загуби од Реал Сосиедад (2:1) и од Осасуна (0:1) за да се зголеми притисокот на легендарниот тренер Гаизка Гаитано.

На „Мендизороца“, Раул Гарсија им донесе водство на Атлетик во 27. минута, но Алавес успеа да израмни во 28. минута од пенал преку Перез, за во 91. минута, Родриго Ели да го постигне победничкиот гол.

Билбао останува на 11. место во Ла лига со 31 поен, додека Алавес сега е 14. со само еден поен помалку од Атлетик.

Scroll to Top