Top Sport

Нов преоден рок, повторно во фокусот – Герет Бејл

Следува нов летен преоден рок во фудбалска Европа, а повторно започнува истата приказна која се врти неколку години – Герет Бејл си заминува од Реал Мадрид.

Сепак, неговиот менаџер, Џонатан Барнет тврди дека велшкиот фудбалски интернационалец и следната сезона ќе го носи дресот на Кралскиот клуб.

„Герет е мирен, добро му е, има договор со Реал уште 2 години. Му се допаѓа во Мадрид и нема намера никаде да оди. Подеднакво е добар како било кој друг играч во тимот, но одлуките ги носи Зидан“ смета Барнет.

Тој истакнува дека понуди имало секогаш.

„Секогаш има понуди за Герет, но проблемот е малку се клубови во светот што можат да си го приуштат. Голема штета е што не е во тимот на Реал, но поради тоа нема да си оди“ вели менаџерот.

Спорот меѓу Бејл и Зидан еднаш веќе направи „пожар“ во Реал. Во 2018 Французинот побара од претседателот да го продаде Велшанецот или тој ќе се замине.

Перез застана на страна на Бејл, и Зидан го напушти клубот.

Scroll to Top