Top Sport

Дел Пиеро: Манџукиќ беше клучен за Јуве во времето на Алегри

Легендата на италијанскиот фудбал и на Јувентус. Алесандро дел Пиеро ја искоментира моментната ситуација во редовите на италијанскиот шампион. Најмногу критики упати за тренерот Маурицио Сари.

Шпекулациите се дека идната сезона „Старата дама“ ќе добие нов кормилар , а Дел Пиеро за „Скај“ се обиде да ги објасни проблемите на „црно-белите“ од Торино.

„Ова му е прва година на Сари, мора да се запознае со Торино, со играчите. Истото е и со Де Лихт. На Јуве во средниот ред му недостасуваат агресивни фудбалери, но Јувентус не е таква екипа. Алегри? Под негово водство беше поинаку, беше тоа Јувентус кој ги имаше Манџукиќ, Тевез, Мората, тие многу трчаа. Не играа кој знае колку убав фудбал, но покриваа многу простор. Манџукиќ беше клучен“ вели Дел Пиеро.

Scroll to Top