Top Sport

Нов „пресврт“ во случајот на Јовиќ – неговата девојка е бремена

Фудбалерот на Реал Мадрид, Лука Јовиќ се најде на ударот на јавноста во Србија по избегнувањето на потребната изолација по враќањето од Шпанија, но сега барем се покажа дека имал и добра причина за тоа – неговата девојка, манекенката Софија Милошевиќ на Инстаграм потврди дека е бремена.

Српскиот репрезентативец го избегна 14-дневниот карантин кој го пропиша Србија, по што доби и кривична пријава иако се правдаше дека не му биле дадени добри информации.

„Би сакале да ги споделиме среќните вести со вас, ќе добиеме бебе. Благодарна сум што Лука може да биде со мене во овој период. Не можев да замислам да сум без него во ова тешко време за целиот свет“, напиша Милошевиќ на Инстаграм.

За младиот напаѓач ова ќе биде второ дете, откако со претходната девојка Анѓела Матијашевиќ има едногодишен син Давид.

Јовиќ се правда: Виновни се тие кои не ми дадоа инструкции што да правам во изолација!

Scroll to Top