Top Sport

Нов рекорд на Роналдо (Видео)

Кристијано Роналдо го постигна водечкиот гол за Јувентус против Џенова, со што стигна до еден неверојатен рекорд, кој тешко дека некогаш ќе биде соборен.

Со голема помош на голманот Раду, Португалецот го отвори резултатот и стигна до бројката од 400 гола, ако се земат во предвид натпреварите во петте најсилни европски првенства (Англија, Шпанија, Италија, Франција, Германија).

 

Роналдо со овој гол стана крал европските стрелци. Зад него е Лео Меси, иако Аргентинецот има подобар однос кога станува збор за одиграните натпревари и постигнатите голови.

Scroll to Top