Top Sport

Нов шок за Аргентина, се повредил и Банега

Аргентинскиот селектор, Хорхе Сампаоли, во пресрет на Светското првенство во Русија се соочува со сериозни кадровски проблеми.

Откако Мануел Ланцини, отпадна од составот, поради повреда со која се здоби на тренингот, истото му се случило и на Евер Банега.

Ланцини, го скинал предниот вкрстен лигамент во коленото, поради што му претстои подолга пауза, додека не е познат степенот на повредата на Банега.

Играчот на Севилја, тренингот на националниот тим, го повредил листот на десната нога.

Scroll to Top