Top Sport

НХЛ шампионите на прием во Белата куќа, Трамп не ги кани НБА прваците

Вашингтон Кепитолс со победата над Лас Вегас Голден Најтес го освоија првиот „Стенли куп“, во клупската историја, а титулата ќе можат да ја прослават во Белата куќа, на покана на американскиот претседател Доналд Трмп. Интересно ваква можност нема да имаат играчите на шампионот во НБА лигата.

Повеќе од една година трае „војната“ помеѓу американскиот претседател и одредени американски професионални спортисти и клубови. Оние што не се согласуваат со ставовите и политиките на претседателот не сакаат да се појават во неговата резиденција. Минатата недела најголем дел од играчите на Филалдлефија Иглс, шампионот во американски фудбал (НФЛ), поради што беше откажан приемот во Белата куќа.

Во петокот, Трамп, издаде соопштение со кое ги повика хокеарите на Вашингтон Кепитолс во Белата куќа, но одбил да организира прием за НБА шампионот, Голден стејт Вориорс.

Scroll to Top