Top Sport

Нов шок за Пике, Чави му кажал дека не му е треба во тимот

Џерар Пике ги живее најтешките денови во кариерата. Изминатите две недели, Пике е во центарот на вниманието на светските медиуми, откако ја раскина 12-годишната врска со поп-ѕвездата Шакира. Она што на Пике му се случува во приватниот живот, не им се допаѓа на челните луѓе на Барселона и тренерот Чави.

Каталонски „Спорт“ пишува дека Чави е многу загрижен и дека го информирал Пике дека наредната сезона нема да смета на неговите услуги.

Непрофесионалниот живот и недостатокот на физичка подготвеност го направија 35-годишниот непожелен во клубот во кој ја помина речиси целата своја кариера.

Според овој извор, по 602 настапи за првиот тим, дефанзивецот нема намера така лесно да се предаде, ветил дека напорно ќе тренира, но дека тренерот Чави веќе одлучил и немал намера да ја смени одлуката.

Од ваквиот развој на настаните, голем проблем ќе има клубот, бидејќи на Пике му должи 50 милиони евра. Спортскиот директор Матеу Алемани ќе се обиде да го убеди искусниот стопер да ги намали барањата.

Scroll to Top