Top Sport

Нов Шпанец во Вест Хем

Жоан Жордан од Еибар веројатно својата кариера ќе ја продолжи во англиската Премер лига. Серизен интерес за овој фудбалер покажува Вест Хем.

„Чеканите“ веќе донесоа двајца играчи од Шпанија, голманот Роберто и играчот од редот за врска Пабло Форналс. Роберто Хименез дојде од Еспањол и тој ќе му биде резерва на првиот голман Томаш Фабијански, додека Форналс пристигна од Вилјареал за сума од 27 милиони евра.

Жордан одигра одлична сезона, а неговиот договор со Еибар истекува наредното лето. Вест Хем испратиле уште една понуда која изнесува 15 милиони евра.

Scroll to Top