Каталонскиот гигант Барселона е вовлечен во нов голем скандал во шпанскиот фудбал, Откриена е уплата од 1,4 милиони евра во период од неколку години, што раководството на Барселона ја наменила за поранешниот шеф на Судиската комисија во Ла Лига.
Шпанското државно правобранителство го истражува работењето на компанијата во сопственост на Хозе Енрикез Негреира, долгогодишен шпански судија и претседател на Техничката комисија на Ла Лига од 1994 до 2018 година.
„Ел Паис“ пишува дека станува збор за сума од 1,4 милиони евра, а парите се исплатени во периодот од 2016 до 2018 година, додека претседател на клубот бил Хозеп Бартомеу.
Според каталонските медиуми, Барселона во 2016 година платила 532.000 евра, во 2017 година 541.000 евра и во 2018 година се одлеани 318.000 евра. Последната уплата се поклопува со заминувањето на Енрикез Негреира од судиската комисија, по што беше формиран нов состав на тоа тело.
Засега тој е осомничен за измама и корупција, а се започнало кога даночниот инспекторат открил сомнителни плаќања кои дошле на сметката на споменатата компанија од Барселона, каталонскиот фудбалски гигант.
Пред истражниот суд сведочеа неколку поранешни челници на Барселона, како и сопствениците на компанијата. Негреира не ги пријавил гореспоменатите плаќања од Барселона до даночната управа, а наведува дека тоа не го сторил затоа што „само им давал консултантски услуги“.