Олимпик Лион повторно се поврзува со скандалозна афера. Како што објавија француските медиуми, станува збор за проневера, која се случила во периодот кога клубот го водеше Џон Текстор. Наводно, откриени се фиктивни трансфери вредни повеќе од 120 милиони евра.
Во последните неколку дена, Олимпик Лион контактираше со неколку компании кои ги купија долговите на Ботафого, кој исто така е во сопственост на Текстор, барајќи исплата на пари за трансфери на играчи кои никогаш не пристигнале во Франција.
Француските медиуми објавуваат дека меѓу тие играчи се споменуваат Луис Енрике, Игор Жесус и Саварињо. Според достапната документација, тие играчи требало да бидат дел од внатрешни трансфери во рамките на групацијата „Игл“.
Целиот скандал излезе во јавноста со протекување на преписка која на прв поглед не изгледа безопасна. Анализата покажа дека документите всушност кријат сериозни финансиски проблеми за францускиот клуб.
Лион едвај избегна испаѓање во втората лига минатата година. Откако беше поднесена жалба, казната на Лион беше намалена, а клубот се обврза да работи штедливо и рационално. Сега старите проблеми се враќаат како бумеранг, секако во најлош можен момент за клуб кој се обидува финансиски да се стабилизира и да ја врати довербата на навивачите.
„Лекип“, тврди дека оваа документација покажува наводни трансфери иако никогаш не била идеја овие играчи да играат за Лион. Главното прашање е дали станува збор за случајна грешка, недоразбирање или многу свесна намера и проневера?
Како што е наведено, во оваа скандалозна приказна се вклучени и трети страни. Компаниите што ги купија долговите на Ботафого ги сакаат своите пари, а Лион сè уште официјално молчи.
Стручњаци од Франција веруваат дека ова би можело да се претвори во еден од најголемите финансиско-административни скандали во поновата историја на европскиот фудбал. И тоа не само затоа што станува збор за огромна сума пари, туку и поради сложеноста на водењето бизнис во една сопственичка структура.
Foto/ EPA
