Top Sport

Нов студен туш за Реал, Алавес до победа во 96.минута (Видео)

Алавес го победи Реал Мадрид 1:0 во осмото коло во Примера. За фудбалерите на Реал ова е втор пораз, откако во вторникот беа поразени во Лигата на шампионите од ЦСКА. Играчите на „кралскиот клуб“ немаат постигнато гол на последните четири натпревари.

Стрелец на единствениот гол на натпреварот беше Ману Гарсија во 95.минута од натпреварот.

Реал најдобрите шанси ги имаше преку Бензема во деветтата и Каземиро во 57.минута. Алавес се закани преку Џонатан калери во првото полувреме, односно преку Рубен Дуарте во 59 и Јони во 77.минута.

Со оваа пoбеда Алавес на табелата се израмни со Реал. Двата тима имаат по 14 бода.

Scroll to Top