Top Sport

Нурмагомедов го „задави“ Мекгрегор, па предизвика нереди во Лас Вегас! (видео)

Хабиб Нурмагомедов го натера Мекгрегор да го „крене белото знаме“ и да се предаде во четвртата рунда со давење, за да го забележи најдобриот момент во својата кариера, по што Русинот го уништи тоа со предизвикување на нереди во „Т-Мобиле арената“ во Лас Вегас.

Во најголемиот меч во историјата на УФЦ, непоразениот руски шампион стигна до одлична победа, по што ја направи и најголемата глупости во кариерата. Нурмагомедов не беше задоволен да покаже дека е најдобриот фајтер во арената на УФЦ 229, и наместо финишот да го комплетира со доминација, тој реши победата да ја прослави на чуден начин.

Прво тој го „караше“ Мекгрего во октагонот, потоа ја фрли заштитата за забите кон аголот на Ирецот, по што реши да влезе во публиката и да тргне кон тренинг партнерот на Мекгрегор, Дилон Денис, по што настана вистински хаос во кој членовите на двата тима почнаа да се тепаат.

Тренинг партнер на Нурмагомедов ја прескокна оградата и го удри Мекгрегор одзади, додека организаторите се обидуваа да го смират хаосот, а претседателот на УФЦ, Дејна Вајт се обидуваше да ги смири сите. Кога судијата го прогласи победникот, двајцата не беа во рингот, а немаше ниту презентација на појасот, кој останува кај Нурмагомедов, кој сигурно ќе добие голема казна за предизвикувањето на хаосот.

Пред да се случи хаосот, во рингот имаше еден победник. Мекгрегор направи притисок на почетокот на мечот и имаше убав удар, но Нурмагомедов го прати на подот уште во првата минута.  Мекгрегор беше бргу на нозе, но во финишот на првата рунда, Русинот имаше посериозни удари. Нурмагомедов и во втората рунда го прати Мекгрегор на подот со силен удар со десницата и беше апсолутен победник на втората рунда.

Во третата рунда, Мекгрегор сфати дека мора да оди поагресивно и го бркаше Нурмагомедов во рингот, но Русинот беше ефикасен во избегнувањето во најслабата рунда. Во четвртата рунда, беше јасно дека Нурмагомедов води кај судиите, и Мекгрегор мора да најде начин да оди на нокаут. Но, тоа не беше можно, Нурмагомедов повторно го прати на подот пред да го комплетира мечот.

Scroll to Top