Top Sport

Бејл го нема на списокот на Зизу за дуелот со Сити

Велшкиот фудбалер, Герет Бејл не е на списокот на фудбалери на Реал Мадрид кои ќе му се спротивстават на Манчестер Сити на реванш мечот од осминафиналето во Лигата на шампиони.

Тренерот Зинедин Зидан го изостави Бејл од списокот со 24 играчи кои задутре ќе се обидат да надоместат негатива од 2-1 од првиот меч на „Бернабеу“.

Бејл последен пат доверба од тренерот да заигра за Кралскиот клуб доби на 24 јуни.

На списокот со играчи ги нема ниту Хамес Родригез и Маријано Дијаз, а поради суспензија, во тимот ќе го нема ниту капитенот Серхио Рамос.

Иако Касемиро изјави дека Бејл ја има довербата на Зизу и на колегите, сепак се чини дека не е баш така:

Касемиро: Герет Бејл ја има поддршката од Зидан и од целиот тим

Scroll to Top