Италијанскиот голман Џанлуиџи Донарума пронајде нов клуб, откако му „заби нож в грб“ на тимот на Милан.
Дел од европските медиуми ја пренесуваат веста дека „единицата“ на „Росонерите“ ќе потпише договор со ПСЖ, но првата сезона Италијанецот најверојатно ќе ја помина на позајмица затоа што меѓу стативите кај „светците“ неприкосновен е Кејлор Навас.
За потсетување, агентот на Донарума – Мино Раиола го наговори младиот голман да бара голема сума на пари за продолжување на договорот со „црвено-црните“ што тимот од „Сан Сиро“ го одби, па експресно во Милано на потпис беше доведен првиот голман на Лил, францускиот репрезентативен голман – Мајк Мањан.
Договорот на Донарума со Милан истекува на крајот на месецов.
Paris Saint-Germain agree deal with Gianluigi Donnarumma.
May loan Italy international to another club for first season of contract. https://t.co/MRU3pyh6iF pic.twitter.com/cSQToU9jUE— Duncan Castles (@DuncanCastles) June 2, 2021