Top Sport

Мбапе: Нема споредба со Меси и Роналдо, тие ги срушија сите закони и статистики

На помалку од 10 дена до Европското фудбалско првенство, ѕвездата на Франција, Килијан Мбапе во интервју за англиски „Esquire“ даде свој коментар за споредбите што ги прават за него, со Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Младиот Французин до својата 22-ра година освои СП, четири титули шампион на Франција, 3 титули во Купот на Франција, два лига купа, а играше и во финалето на ЛШ.

Ова е неговиот одговор на прашањето дали може да се спореди со Меси и Роналдо:

„Ако на самиот себе си кажеш дека ќе бидеш подобар од нив, тоа е работа на его или одлучност, тоа значи дека си потполно нереален. Со нив никој не може да се споредува затоа што ги срушија сите закони и сите статистики, и двајцата 10 или 15 години играат на надсериско ниво. Секако дека секогаш ќе се споредуваш со најдобрите во својата работа и ќе тежнееш да бидеш добар како и тие. Јас гледам снимки од најдобрите светски играчи и гледам што од нивната игра можам да имплементирам во мојата. Меси сигурно добро му дошол на Роналдо во кариерата, како што Роналдо добро му дошол на Меси“ вели Мбапе во интервјуто.

Scroll to Top