Top Sport

Нов Зеланд најмногу ќе профитира од промените што ги најави ФИФА

Нов Зеланд најмногу ќе профитира од одлуката на ФИФА, на СП во 2026 година да учествуваат 48 репрезентации. На мундијалот во Катар, од 21.ноември до 18 декември, последен пат ќе учествуваат 32 репрезентации.

Првиот човек на ФИФА, Џани Инфантино, најави дека Океанија сигурно ќе има едно место на Светските првенства. Ова значи дека Нов Зеланд, во иднина, ќе биде редовен учесник на мундијалите.

Откако Австралија ја напушти Океанија и започна да игра квалификации во Азија, Нов Зеландд нема конкуренција во својата зона.

Во последните десет години, Нов Зелан се без пораз во дуелите со репрезентациите од Океанија.

Нов Зеланд победија на сите пет квалификациски натпревари со гол разлика 18:1, а во финалето за пласман во Интер-континенталниот бараж, славеа со 5:0 против Соломонските острови.

Според она што го подговтува ФИФА, во иднина и другите селекции од Океанија (Соломонски острови, Фиџи, Тонга, Самоа) ќе имаат можност да се борат за место на мундијалите, бидејќи втропласираната селекција во кавлификациите ќе игра бараж против репрезентации од Азија, Африка или Јужна Америка.

Scroll to Top