„Чистката“ во Барселона, толку потребна за потпишувањето на новиот договор со Лионел Меси, продолжува со понудата да ги ослбодат Миралем Пјаниќ и Самуел Умтити од договорите, тврди порталот „Гол“, бидејќи двајцата воопшто не се во плановите на Роналд Куман.
31-годишниот Пјаниќ минатото лето пристигна од Јувентус за 60 милиони евра, но стартуваше само 6 од своите 13 меча во Ла лига, додека Умтити не го заддржа местото во првиот тим и исто така имаше 13 меча минатата сезона.
Сепак, мисијата за Барса е многу тешка – тие треба да се договорат со фудбалерите да прифатат пакет за компензација, но ако одбијат, тогаш каталонскиот клуб е приморан да ги плаќа нивните плати до крајот на договорот.
Барса веќе ги донесе Серхио Агуеро, Мемфис Депај и Ерик Гарсија како слободни фудбалери, додека Емерсон Ројал беше купен од Реал Бетис, а од клубот заминуаа Жан-Клер Тодибо и Хуан Миранда, а Франциско Тринкао денеска беше пратен на позајмица во Вулверхемптон.