Top Sport

Тимо Вернер ќе навива за Англија на ЕУРО 2020

Германскиот напаѓач на Челси, Тимо Вернер смета дека Англија е фаворит за ЕУРО 2020 и му посака на тимот на Герет Саутгејт многу среќа во полуфиналето на европското првенство, откако токму тие ја елиминираа Германија со 2:0 победа во осминафиналето.

При посетата на Австриското ГП во Формула 1, Вернер призна дека Англичаните биле подобри од нив и беше импресиониран од 4:0 победата над Украина во четврт-финалето.

„Да, мислам дека Англија се први фаворити. Вчера имаа брилијантен натпревар против Украина, а беа подобри и од Германија, така што е јасно дека имаат квалитет за титула. Им посакувам многу среќа“, вели Вернер.

25-годишниот напаѓач на Челси е посебен гостин на тимот на Ред бул, поради врската со австриската компанија за енергетски пијалоци, како поранешен фудбалер на РБ Лајпциг.

Scroll to Top