Top Sport

Нова генерација! Жоао Феликс го „кутна“ Роналдо и Јуве (видео)

Атлетико Мадрид стигна до 2:1 победа над Јувентус во меч од Интернационалниот куп на шампиони во кој блесна најскапото засилување во историјата на „јорганџиите“, Жоао Феликс со гол и асистенција, покажувајќи дека сумата од 120 милиони евра кои ја дадоа на Бенфика е целосно оправдана.

Атлетико дојде во водство во 24. минута, откако на асистенција на Жоао Феликс, Томас Лемар донесе водство за „колчонеросите“, пред само четири минути подоцна, „отпишаниот“ Сами Кедира да израмни на 1:1 со прецизен удар од шестнасетникот. Но, младиот Португалец повторно дојде во позиција, откако постигна прекрасен гол во 33. минута за 2:1 водство.

Јувентус имаше повеќе од играта, но на крајот сепак, победата во Стокхолм ја забележа тимот на Диего Симеоне.

Scroll to Top