Последнопласираниот тим во Бундеслигата, Келн доби казна од 50.000 евра по петте различни проблеми кои ги направија нивните навивачи оваа сезона, објави Германската фудбалска федерација (ДФБ).
Инцидентите се случиле во првото коло дома против Борусија Менхенгладбах, кога тројца навивачи се маскирале во стјуарди и влегле кај гостинските навивачи за да украдат знаме.
Покрај ова, тие користеле пиротехника и покажаа банер со кој го навредуваа Дитмар Хоп, софтверскиот милијардер кој е сопственик на ривалите Хофенхајм, објави ДФБ.
И покрај слабата форма, „ултрасите“ на Келн се познати по фанатичното навивање за нивниот клуб. Настапите во европските купови оваа година беа искористени со „инвазија“ на гостувањата.
Во Лондон, на пример, на мечот со Арсенал имаше десетина илјади навивачи, а германските фанови дојдоа и во Белград, каде што околу 5.000 ултраси направија „пеколна“ атмосфера за дуелот со Црвена звезда.