Top Sport

Нова „корпа“! Лопетеги одбил „вртоглава“ понуда од Тотенхем!

Додека повеќето нивни ривали од Премиер лигата се подготвуваат да влезат на летниот пазар на играчи, Тотенхем уште не може да најде менаџер, откако последен на листата на „неуспешни обиди“ е поранешниот шпански селектор и тренер на Севилја, Хулен Лопетеги.

Спарси тешко можат да најдат замена за Жозе Мурињо, откако меѓу тренерите кои се обидоа да ги донесат во северен Лондон беа Брендан Ронџерс, Јулијан Нагелсман, Ханси Флик, Маурисио Почетино, Антонио Конте, Пауло Фонсека, Џенаро Гатузо…

Сега од Шпанија доаѓа веста дека претседателот на Севилја, Хуан Кастро признал дека Тотенхем се обиделе да го „врбуваат“ Лопетеги.

„Хулен ми се јави и ми кажа дека го барале. Некои тренери се мотивираат повеќе од финансиски фактори, но Хулен ми кажа дека е среќен и дека нема да најде подобро место за работа од Севилја. Ние верувавме и уште веруваме во него, и му дадовме двегодишно продолжување на договорот“, вели Кастро.

Scroll to Top