Top Sport

Јанг им донесе „брејк“ на Атланта во финалето на Истокот

Атланта хокс стигнаа до „брејк“ во финалето на Источната конференција, победувајќи ги Милвоки бакс со 116:113 за 1:0 водство во серијата, а најзаслужен беше фантастичниот Треј Јанг.

Јанг имаше 48 поени, 7 скока и 11 асистенции за да биде најдобар во тимот на Хокси, а му помогна Колин со 23 поени и 15 скока, додека за Бакси не беа доволни 34-те поени на Јанис Адетокумбо и 33-те поени на Холидеј.

Бакси имаа предност од 28:25 по првата четвртина, и а полувреме повторно отидоа со мала предност од пет поени (59:54). Меѓутоа, тие не успеаја да се одвојат, и Атланта направи пресврт во последната четвртина.

Вториот меч од финалето се игра во сабота навечер, повторно во Милвоки. На Западот, Финикс сас веќе имаат 2:0 предност над Лос Анџелес клиперс.

Scroll to Top