Младиот напаѓач на Барселона, Ансу Фати дефинитивно нема да е подготвен за настап на осминафиналните мечеви што Барселона ќе ги игра против ПСЖ затоа што неговото опоравување се закомпликувало.
Заздравувањето на младиот напаѓач, според информациите од шпанските медиуми, оди потешко од планираното. Тој се уште не може да почне со тренинзи затоа што коленото му отекува и при секој поголем напор.
Тинејџерот е разочаран со ваквиот развој на ситуацијата, очекуваше дека ќе е подготвен за враќање на терените во март (реванш мечот со ПСЖ е на 10 март) но според прогнозите, сето тоа ќе се пролонгира за неколку недели.
18-годишниот фудбалер повредата ја здоби на мечот со Бетис, на 7. ноември кога му беше прогнозирана пауза од 4 месеци.