Top Sport

Нова лоша вест за Милан – Бенасер мора на оперција на коленото

Исмаел Бенасер ќе мора да оди на операција на коленото по повредата која ја доби на вчерашниот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите против Интер, зголемувајќи ги проблемите на тренерот Стефано Пиоли.

25-годишниот Алжирец е еден од клучните играчи во средината на теренот на Пиоли и беше повлечен од игра по само 18 минути од 0:2 поразот и неговото отсуство ведаш се забележа.

Тој си замина од стадионот на патерици, и денеска италијанските медиуми посочуваат дека има поврееда на лигаментите на десното колено и дека мора да оди на артоскопска операција, што ќе оддалечи од терените барем неколку месеци.

Scroll to Top