Top Sport

Кампацо ќе одбие 3 милиони евра од Звезда за да се врати во Реал

Аргентинската кошаркарска ѕвезда, Факундо Кампацо летово ќе се врати во Реал Мадрид, тврди „Мундо депортиво“, одбивајќи ја одличната понуда од 3 милиони евра од Црвена звезда.

Според „МД“, Кампацо веќе разговарал со Хуан Карлос Санчез, претседателот на кошаркарската секција на Реал Мадрид кога Звезда гостуваше на Барселона на 17 март, без одобрение и знаење од Звезда.

Тие додаваат дека Кампацо ќе заработува помалку од понудата од Белград, но и од понудите на Монако и Анадолу Ефес – само милион евра.

Кампацо имаше 9 меча за Звезда во Евролигата со просек од 15 поени и 5.9 асистенции.

Scroll to Top