Top Sport

Нова мајсторија на Депај, нова победа на Барселона

Барселона ја забележа втората победа во третото коло во шпанската Ла лига за да се израмни со водечките клубови, триумфирајќи со 2:1 над незгодните Хетафе благодарение на нова мајсторија на нивното ново засилување, Мемфис Депај.

Серхи Роберто ги донесе Каталонците во водство само што почна натпреварот во 2. минута од игра, меѓутоа гостите израмнија во 19. минута преку Сандро Рамирез. Депај го покажа својот талент во 30. минута од мечот, кога прво убаво ги „излажа“ дефанзивците на Хетафе, пред да упати прекрасен удар за 2:1. Во три меча досега во Ла лига на Холанѓанецот, тој има постигнато два гола и има една асистенција.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Scroll to Top