Top Sport

Нова мака за Чилеанецот – Санчез во аут два месеци!

Алексис Санчез и неговата кариера во Манчестер јунајтед доби уште еден удар, откако докторот на чилеанската репрезентација, Педро Онате тврди дека го очекува пауза од речиси два месеци по повредата на коленото добиена при победата над Саутемптон.

Санчез беше заменет по 52 минути игра во 3:2 победата по старт од дефанзивецот на Саутемптон, Јан Беднарек и Онате вели дека тој добил истегнување на лигаментите за што е потребна пауза од повеќе недели

„Нема да има проблем тој да настапи на Копа Америка, бидејќи паузата ќе биде од шест до осум недели. Можеби ќе се врати и порано“, изјави Онате.

Јунајтед сигурно ќе бидат без Санчез за реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Пари Сен-Жермен во среда, каде што „ѓаволите“ патуваат со 0:2 негатива. Санчез има само осум настапи за Јунајтед во Премиер лигата оваа сезона со само еден гол.

30-годишниот најплатен фудбалер на Јунајтед не успеа да ја врати формата која ја имаше како фудбалер на Арсенал, и има вкупно 5 гола во 41 настапи за Јунајтед.

Scroll to Top