Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди продолжува со катастрофалните игри во шпанската Ла лига, откако на гостувањето кај Хетафе доживеаја 3:0 пораз, нивни 13-ти во 22 меча, останувајќи последни со дури 9 поени од безбедната зона.
Мечот беше решен во првите дваесет минути игра во режија на турскиот напаѓач Енес Унал, кој уште во првата минута ги начна гостите од Валенсија, за во 20. минута да зголеми на 2:0. Карлес Алена во 95. минута стави точка на мечот. Хетафе, под Кике Санчез Флорес, полека се враќа во форма со четврта победа во последните шест меча во Ла лига, за да скокнат на 14. место со 25 поени, сега седум над зоната за испаѓање.
Standings provided by SofaScore LiveScore