Top Sport

Нова награда за Роналдо – најдобар европски спортист

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар европски спортист втора година едноподруго во изборот на европските новински агенции. Наградата се доделува од 1958 година под покровителство на полската ПАП агенција.

Роналдо доби 159 поени од 26 интернационални новински агенции, пред Формула 1 шампионот Луис Хамилтон (143) и тенисерите Роџер Федерер (124) и Рафаел Надал (113). Роналдо тука ќе мора да се потруди да ги стигне четирите титули во низаз на Федерер, кој првата ја подели со Елена Исинбаева во 2005 година.

Додека наградите се нижат, Роналдо организираше забава во сопствена чест. Наречена „ЦР7 гала“ во Мадрид во средата навечер се собраа пријателите на Португалецот да се одбележи крајот на годината во која тој освои трофеи од Лигата на шампионите, Ла лига и Светското клупско првенство, петта титула „Златна топка“, и три нови деца.

Scroll to Top