Нова повреда и нови главоболки за тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан. По Еден Азар и Хамес Родригез, надвор од стројот е и Иско.
Играчот од редот за врска имал повреда на бутниот мускул, на десната нога. Од лекарскиот тим не соопштиле колку долго Иско ќе биде отсутен од тимот.
Иско е осмиот фудбалер кој се повредил во изминатите 45 дена, односно седми играч на „кралскиот клуб“ кој се здобил со мускулна повреда.
Хамес Родригез, Азар, Јовиќ, Родриго, Куртоа, Менди, Асенсио и два пати Брахим Дијаз, се фудбалерите што биле или се уште се повредени.
Повредата на Иско значи дека Зидан за натпреварот со Вилјареал на располагање ќе има 20 фудбалери.