Top Sport

Нова „нула“ на Милан – Лацио извлече победа во финишот (видео)

На Милан никако да му тргне и под водство на новиот тренер Стефано Пиоли, откако „росонерите“ во неделата го забележаа својот шести пораз оваа сезона, губејќи на „Сан Сиро“ со 1:2 во дербито со Лацио.

Чиро Имобиле во 25. минута донесе водство за тимот на Симоне Инзаги со својот јубилеен 100. гол во дресот на „лацијалите“, пред  Милан успеа да ја врати рамнотежата само три минути подоцна, кога Бастос си постигна автогол по ударот на Кшиштоф Пјонтек.

Во второто полувреме повторно се играше израмнето, но до клучната предност успеаја да дојдат гостите, откако Хоакин Кореа во 83. минута по еден брз контранапад го матираше Џиџи Донарума.

Со победата, Лацио се искачи на четвртото место на табелата со 21 поен, осум помалку од лидерот Јувентус, додека Милан се само на 11. место со 13 поени.

Scroll to Top