Top Sport

Нова повреда на Азар

Еден Азар, за чии трансфер Реал Мадрид издвоија 100.000.000 евра, доживеа нова повреда.

Белгиецот го започна натпреварот со Алавес во 11.коло, во Ла Лига, но го напушти теренот пред истекот на првото полувреме. Азар се пожали на болки во ногата по половина час игра, а теренот го напушти во 37.минута.

Азар, поради повредите, го пропушти целиот втор дел од минатата сезона, а од почетокот на оваа одигра само пет натпревари.

Scroll to Top