Top Sport

Нова провокација од Стојанов: Судијата ни ја украде победата, а Македонија е југозападна Бугарија

Ден по натпреварот во Лигата на нации, помеѓу Бугарија и Македонија, претседателот на бугарскиот прволигаш Славија од Софија, Венцислав Стефанов, продолжи со провокациите со кои започна пред одигрувањето на натпреварот.

Бугарија и Македонија, во Групата 4, во Ц-дивизијата во Лигата на нации, вчера во Разград одиграа 1:1.

Според Стефанов дека судијата им ја украл победата на бугарските репрезентативци.

Во исто време во изјавата вели дека со потекло од Битола, но дека нашата држава е бугарска провинција.

„Македонија на моменти беше офанзивна и поорганизирана, но ако беа досудени двата прекршока при голот на противникот, ние ќе победевме. Судијата им помогна на Македонците, пеналот на крајот беше чист како солза. Моето потекло е од Битола, но јас не сум Македонец туку Бугарин. Тие што се прават големи патриоти во соседството треба да знаат дека Македонија е југозападна Бугарија. Иако сум од Битола не одам таму, зашто кога бев еднаш пред многу години ме сопираа на улица за да проверат дека не сум шпион“, вели во Стефанов во својата скандалозна изјава.

Првиот човек на Славија, пред натпреварот Македонија ја нарече измислена држава. На оваа негова изјава му одговори капитенот на Македонија, Стефан Ристовски, кој на „Инстаграм“, објави слика од нилски коњ на која напиша „Не викај“.

Scroll to Top