Младинскиот тим на хрватскиот клуб Хајдук Сплит направи нова сензација во Лигата на шампионите за фудбалери до 19 години совладувајќи го италијанскиот гигант Милан со 3:1.
Сплитските „били“ со тоа се пласираа во финалето на ЛШ каде ќе ги одмерат силите со холандскиот клуб АЗ Алкмар.
Јере Врчиќ на почетокот на второто полувреме донесе предност за Хајдук, а Рокас Пуксташ зголеми на 2:0 во 69.минута. Сѐ беше јасно со третиот погодок на Симун Хрговиќ, а почесниот гол за Милан беше дело на Кевин Зероли.