Top Sport

Нова „сопка“ за Леверкузен, дома загубија од Фрајбург

Ако во првиот дел од бундеслигашката сезона имаа изненадувачко добри резултати и беа најблиски ривали на Баерн Минхен за првото место, работите не одат најдобро за Баер Леверкузен, откако „фармацевтите“ дома загубија со 1:2 од Фрајбург за трет меч без лигашка победа.

Гостите постигнаа два гола за 11 минути во второто полувреме преку Ермедин Демировиќ (50.) и Лукас Холер (61.), а Баер успеа да намали преку Јамајчанецот Леон Бејли во 70. минута од мечот. Сега, Баер се на шестото место на табелата со 37 поени, додека Фрајбург се осми со три поени помалку.

БУНДЕСЛИГА, 23.КОЛО

Унион Берлин – Хофенхајм 1:1

Мајнц – Аугзбург 0:1

Баер Леверкузен – Фрајбург 1:2

Scroll to Top