Top Sport

Нова „сопка“ за Тотенхем – Астон вила со голема гостинска победа

Овојпат немаше чудесен камбек и Тотенхем загуби драгоцени поени во борбата за топ 4 пласман во Премиерлигата, доживувајќи незгоден новогодишен домашен пораз од 0:2 од Астон вила.

Откако во претходното коло се вратија од 2:0 негативаа за 2:2 реми со Брајтон, овојпат немаше вакво враќање од тимот на Антонио Конте, кој со поразот пропушта шанса да се врати на четвртото место, останувајќи петти со 30 поени, два помалку од Манчестер јунајтед и тоа со натпревар помалку.

По здодевното прво полувреме, Емилијано Буендија во 50. минута го шокираше Иго Љорис за заслужено водство на гостите од Бирмингем, а по сите обиди на Тотенхем да се вратат во игра, во 73. минута, Даглас Луиз постигна фантастичен гол по исто толку убавата асистенција на Џон Мекгин.

Вила на Унаи Емери, сега се на 12. место на табелата со 21 поен.


Standings provided by Sofascore

Scroll to Top