Top Sport

Нова трагедија во Бразил – претседателот и 4 фудбалери на Палмас загинаа во авионска несреќа

Нешто повеќе од четири години од авионската несреќа и фудбалската трагедија на Шапекоенсе, од Бразил повторно доаѓаат вознемирувачки вести. „Си-Ен-Ен Бразил“ и други локални медиуми објавија дека претседателот на четвртолигашот Палмас и четири фудбалери загинаа во авионска несреќа.

„Палмас ФР потврдува дека во 8.15 часот наутро на 24 септември имаше авионска несреќа во која беше претседателот на клубот Лукас Меира во летот за Гојана а мечот помеѓу Вила Нова на 25 февруари. Авионот во кој беше и пилотот Вагнер и фудбалерите Лукас Прашедес, Гијерме Ное, Рануле и Маркус Молинари се сруши при полетувањето на аеродромот Токантинс. Нема преживеани. Клубот бара молитви за семејствата на починатите“, се вели во објавата на клубот.

Scroll to Top