Top Sport

Нова трансфер-цел на Интер, Единсон Кавани

Интер се откажале од трансферот на Ромелу Лукаку и се насочиле кон напаѓачот на Пари Сен Жермен, Единсон Кавани.

Како што вечерва објавија „Тутоспорт“ и „Кориере дело Спорт“, Интер немале намера на Манчестер Јунајтед да им платат 80 милиони евра за Лукаку и поради тоа се насочиле кон Кавани.

Уругваецот има уште една година од договорот со Пари Сен Жермен. Годишно тој заработува 12 милиони евра, што значи дека доколку сака да се пресели во Интер ќе мора да се согласи и на помала плата.

Пред да се пресели во ПСЖ, во 2013 година, за 64 милиони евра, Кавани играше во Серија А. Како играч на Палермо и Наполи има постиганто 144 гола во најсилната италијанска конкуренција.

За шест години во ПСЖ постигнал 193 гола што го прави најдобар стрелец во клупската историја.

Scroll to Top