Top Sport

Сензација на Пољуд, Хајдук испадна од екипа од Малта (Видео)

Гзира од Малта го направи најголемото изненадување во првата квалификациска рунда за пласман во Лига Европа. Гзира среде Сплит го елиминира Хајдук, со победата 3-1. Хрватскиот тим првиот меч на Малта го доби со 2-0, па Гзира се пласира во второто коло благодарение на поголемиот број на голови постигнати на гостински терен.

Почетокот на мечот не навестуваше дека на „Пољуд“ ќе се случи сензација. Хајдук во седмата минута постигна гол преку Жради.

Откако постигнаа гол домашните играчи максимално се опуштија им дозволија на гостите да направат пресврт со головите на Џеферсон во 57 и Коне во 69 минута. Вториот постигна прекрасен гол со ножички.

Сензацијата на Гзира ја комплетираше Коне со својот втор гол во 96 минута.

По завршувањето на натпреварот, обезбедувањето и полицијата спречија голем инцидент, откако 50 навивачи на „Торцида“ се обиделе да ги нападнат играчите.

Scroll to Top