Top Sport

Новата бразилска ѕвезда го одбра Арсенал

Најдобриот стрелец на Копа Америка 2019, репрезентативецот на Бразил Евертон е на чекор до трансфер во Арсенал, јави јужноамериканскиот „Фокс“.

Според овој извор Арсенал ги договориле условите околу трансферот на напаѓачот на Гремио со што ја добиле битката со уште неколку други европски тимови.

„Фокс“ тврдат дека Арсенал за трансферот ќе издвојат 40 милиони евра, 28 милиони во кеш и 12 милиони низ бонуси.

Членови на медицинскиот тим на Бразил биле на пат кон Бразил каде играчот најпрвин треба да ги мине медицинските тестови, а потоа и да го потпише договорот.

Евертон на најдобар начин ја искористи шансата што ја доби од селекторот Тите на Копа Америка 2019. На крајот заврши како најдобар стрелец и ја освои титулата со Бразил.

Scroll to Top