Top Sport

Борковиќ исфрлен од натпреварите во ТЦР Европа

Челниците на ТЦР Европа го исфрлија од годинешниот шампионат српскиот автомобилист Душан Борковиќ поради „однесување што не може да се толерира“. Од друга страна возачот тврди дека тој решил да го напушти натпреварувањето бидејќи бил незадоволен од статусот и одлуките што биле штетни по неговиот тим.

На интернет страницата на ТЦР Европа се наведува дека минатиот викенд, по втората трка во Австрија, Бирковиќ „турнал жена која потоа паднала на еден од автомобилите“. Целта на Борковиќ била да дојде до возачот со број 25 со цел да се пресмета со него.

Поради претходниот и овој инцидент и бидејќи насилно се однесувал ТЦР Европа решиле да го исфрлат Борковиќ од шампионатот.

„Поради фактот дека го повторил однесувањето по трката во Монца во 2018 година тој ќе биде пријавен до Меѓународната автомобилка федерација и надлежните органи“, се наведува во соопштението.

Борковиќ тврди дека и пред трката во Австрија решил да ги напушти натпреварите во ТЦР Европа. Во Австрија тој тврди дека во финишот на трката, на неспортски начин од патеката го исфрлил возачот Пансијатис и тоа кога бил на четвртото место.

Тој рекол дека повеќе не сакал да гледа како неправедно се однесуваат кон него бидејќи другиот возач воопшто не бил казнет и дека со таквите одлуки ТЦР Европа ги уништиле амбициите и плановите на тимот.

Scroll to Top