Норич сити, можеби се мачат да се вратат во Премиерлигата, но очигледно на трибините имаат силна поддршка, откако новата британска премиерка Лиз Трас беше обвинета дека потрошила 1.841 фунти од државните пари во клупската продавница на клубот.
Ова го објави пратеничка на опозициската Лабуристичка партија, Емили Торнбери, преку јавно достапните документи, кои покрај тоа што покажуваат дека таа потрошила 4.333 фунти на две посети на фризер, исто така имала и две посети на фан-шопот на „канаринците“ – првпат потрошила 1.318 фунти минатата година, па дополнителни 523 фунти ова година.
Премиерката честопати беше забележувана на домашните натпревари на Норич, на кои добро им тргна сезоната – тимот на Дин Смит има 6 победи во првите 10 кола и е на второто место на табелата во Чемпионшип.