Top Sport

„Новата“ Ница почна со купување – доаѓа Долберг од Ајакс (видео)

Младиот дански напаѓач на Ајакс, Каспер Долберг го комплетираше трансферот вреден 20 милиони фунти во францускиот прволигаш Ница, кој од неодамна има нов сопственик со големи амбиции.

21-годишниот Долберг, кој дојде во Холандија во 2016 година, имаше над 100 настапи за клубот од Амстердам и минатата година ја освои двојната титула со нив. Тој исто така има и 13 настапи за данската репрезентација и три постигнати голови, а во 2016/17 беше прогласен за најдобар млад фудбалер во холандската лига.

Ница претходно го донесоа само фудбалерот од средниот ред од Монако, Кефрен Турам, но се очекува сега да се активни на пазарот на фудбалери, откако британската компанија „ИНЕОС“, односно најбогатиот британец Сер Џим Ретклиф го откупи клубот од француската ривиера.

Scroll to Top