Top Sport

Роналдо: Тие што ме мразат, ќе ме гледаат уште долго време

Кристијано Роналдо најави дека ќе јуа продолжи кариерата само за да биде „трн во око“ на тие кои го мразат, посочувајќи дека „тие кои не ме сакаат“ ќе го гледаат уште долго на ждрепките за Лигата на шампионите.

Освојувачот на пет титули од Лигата на шампионите повторно беше приморан да одговара на прашања околу неговото пензионирање при ждрепката за ЛШ во Монако, откако презентерот на шега изјави дека тој треба да се пензионира во исто време како и Меси.

34-годишниот Роналдо посочи дека Лионел Меси е две години помлад од него, така што одлуката треба да биде кај него.

„Луѓето кои не ме сакаат ќе ме гледаат уште долго тука“, изјави Роналдо, кој овојпат беше присутен на доделувањето на награди иако не доби ниту една – Виргил ван Дајк беше избран за најдобар фудбалер во сезоната, додека Меси ја доби наградата за најдобар напаѓач.

Scroll to Top