Top Sport

Новата топка на Најк ќе биде „проблем“ за љубителите на слободни удари

Американската компанија Најк ја претстави својата нова фудбалска топка „Flight“, која од следната сезона ќе се користи во англиската Премиер лига и која ќе претставува енигма за љубителите на слободните удари.

Според Најк, концептот на новата топка, која има слични набори како голферските топчиња, е да се спречи непредвидливото движење на топката откако ќе биде шутната, што е лоша вест за тие експерти за слободни удари кои се надеваат дека со кривата на движење ќе ги изненадат голманите.

Сепак, од компанијата велат дека целта не е да се пречи на изведувачите на слободни удари, туку да се „наградат“ специјалистите кои се фокусираат на прецизност, бидејќи таа е попостојана при ударите од далеку од досегашните топки – дури до 30 отсто во однос на топката „Merlin“, која се користи оваа сезона.

Доколку топката е целосно мазна, при ударите од далеку честопати се случува менување на правецот, што беше една од главните забелешки за топката „Jabulani“ на Светското првенство во Јужна Африка во 2010 година, која се фалеше дека е „најмазната“ топка во светот на фудбалот.

Scroll to Top