Попладнево, Реал Мадрид официјално го промовираше најновото засилување и воедно ѕвездата на тимот, Аргентинецот Франко Мастантуоно, кој ветува светла иднина. Тој е поранешен играч на Ривер Плејт кој има само 18 години и е платен 45 милиони евра.
Сепак, за време на неговата презентација на прес-конференцијата на стадионот „Сантијаго Бернабеу“, тој изненади со некои од одговорите што ги даде.
Неговиот одговор на прашањето кој е најдобриот фудбалер во светот привлече најголемо внимание.
„За мене, тоа е Меси. Јас сум Аргентинец и за мене тој е најдобриот во светот“, рече Мастантуоно, оставајќи многумина без зборови на „Бернабеу“.
Некои навивачи на Реал сигурно ќе му замерат, бидејќи во Мадрид е „забрането“ да се каже дека Меси е подобар од Кристијано Роналдо.
ФОТО/ EPA/Chema Moya/