Бизнисменот Дејвид Хендерсон е прогласен за виновен пре Кралскиот суд во Кардиф, по повод смртта на аргентинскиот фудбалер, Емилијано Сала. Сала и пилото Дејвид Иботсон загинаа на 21.јануари 2019 година, кога авионот со кој пилотираше Иботсон се урна во Ла Манш.
Хендеросн го организирал летот на Сала од Нант до Крадиф. Аргентинецот требаше да го реализира трансферот во Кардиф.
Бизнисменот е прогласен за виновен бидејќи не го испочитувал протоколите за безбедност, поради што загинале пилотот Иботсон и фудбалерот Сала.
Телото на Аргентинецот е пронајдено еден месец по несреќата, додека телото на пилотот не беше пронајдено.
Минатата недела патологот, кој ја извршил обдукцијата, рекол дека Сала погинал од повредите на градите и главата. Новите информации кои ги објавија медиумите откриваат дека Сала се затрул со јаглерод моноксид пред уривањето на авионот.
Обдукцијата покажала дека Сала бил во несвест во моментот кога авионот се урнал во морето. До труењето со јаглерод моноксид веројатно дошло поради дефект на издувниот систем во авионот.