Top Sport

Нови финансиски маки за Барса – ги нема 20-те милиони евра гарантирани од Лапорта

Барселона се соочува со нови финансиски проблеми, откако еден од инвеститорите не ги достави потребните пари за клучна зделка на претседателот на клубот, Жоан Лапорта, со кои се гарантираше учество во Ла лига, тврдат повеќе медиуми.

Фудбалската финансиска компанија „Либеро“ се согласи да купи 9.8 отсто од акциите од компанијата „Барса вижн“, но уште не ги обезбедиле средства, поставувајќи го Лапорта во тешка ситуација, бидејќи тој лично гарантираше 20 милиони евра за добивање на лиценца за учество во шпанската Ла лига, објавува британскиот „Телеграф“.

Оваа зделка беше една од славните „плансес“, мерки кои ги договори Лапорта за обезбедување на финансиска сигурност на кратки патеки за препуштање на дел од идната заработка на клубот. Досега, оваа стратегија беше успешна, откако Барса успеа да донесе нови засилувања и да почне со реновирањето на „Ноу камп“, но сега се поставува значителна пречка во плановите на Лапорта.

Scroll to Top